Featured

Нови професии

Одамна е потврдено дека листата на професиите односно занимањата не е статична, туку се надополнува со нови во зависност од темпото на напредокот на технологијата и развојот на бизнисот. Денес во светот мошне брзо, речиси секојдневно се отвораат нови курсеви на факултетите. Во последно време и кај нас, при што предничат приватните.

Следејќи ги светските трендови, порталот MSN направи листа на нови професии кои во изминатите години речиси и не постоеја, а ќе се бараат сѐ повеќе. Притоа треба да се има предвид разликата помеѓу професијата и вештината:

1. Нови медиуми

Интернет како медиум денес во светот е еден од најбрзо растечките подрачја на новинарството. Студентите и сите оние желни за знаење го комбинираат традиционалното новинарство со додатно посетување на курсеви насочени на дизајнот и менаџментот на дигиталните медиуми.

Некои програми, во зависност од тоа за кој факултет станува збор, се насочени на компјутерските вештини и дизајнот на online медиумите, а други, пак, ги интегрираат комуникациските и дигиталните вештини.

2. Биотехнологија

Биотехнологијата ги комбинира биологијата и технолгијата за да се дојде до иновативни, напредни решенија на подрачјето на агрономијата, науката за храната и со тоа се поврзано во медицината. Тоа е интердисциплинарно подрачје кое обично опфаќа и деловни курсеви.

Биотехнолошките студии најчесто бараат магистериум кој е се побаран зашто ова подрачје станува се поинтересно и „поинспиративно“.

3. Органско земјоделство

Првпат во системот на образованието програма за органска агрикултура во САД се појавила во Вашингтон во 2006-та година. Потребата од знаење на тоа подрачје расте од ден на ден. Големите корпорации се исклучително заинтригирани да ја задоволат растечката потреба од органска храна и бараат работници кои го познаваат системот на органско земјоделство.

Иако овие студии не се сѐ уште распространети, сѐ повеќе се на број образовните институции во развиениот свет кои го разгледуваат воведувањето на ваквите програми. Ќе просперираат сите оние што ќе умеат да донесуваат решенија кои водат кон заштита на природата.

4. Е-бизнис/е-маркетинг

Ова подрачје се концентрира на купување, продажба и маркетинг на предмети на Интернет, а исто така може да вклучи и комуникација со потрошувачите, вработените, како и со деловните партнери. Барањата на работници на ова подрачје во многу земји растат побрзо од просекот.

Курсот  за е-маркетинг е мошне чест на високите деловни школи.

5. Одбрана

Некогашната „Народна одбрана“, која се учеше на факултетите, поради ширењето на тероризмот поприми нови размери во светот. Америка набрзо по 11-ти септември 2001-та воведе курс по одбрана. Тој вклучува се-од психологија до опоравување по катастрофа, правен систем на земјата, како и ракување со убиствени материи. Постојат и посебни интензивни програми во траење од година ипол, по кои е можно да се добие диплома од народна одбрана и безбедност.

Како курс, ова подрачје е се позастапено на општествените факултети, од кои само во 2007-ма во САД дојдоа дури 85-мина студенти што ја завршиле оваа програма.

6. Дизајн на компјутерски игри

Оваа форма на дизајн не постоеше пред една деценија. Денес само во САД постојат повеќе од 150 курсеви насочени на дизајнот на компјутерски игри. Некои од нив се насочени на програмирање на игри, а други повеќе се занимаваат со визуелен дизајн.

7. Форензичко сметководство

Контроверзните околности што се случуваат поради се почестите корпоративни скандали во светот (финансиска и економска криза) го свртеа вниманието на растечкиот сектор на форензичко сметководство. Се разбира дека и порано постоеја такви занимања, но тоа е растечко подрачје на сметководството и се бараат нови начини на примена.

Форензичките сметководители се како детективи за „парични прашања“. Тие ги истражуваат сомнителните парични трансакции. Мораат да имаат широки знаења за работењето покрај сметководствените вештини. За повеќето кариери на ова подрачје треба да се има барем висока школа, а е баран и магистериум.

8. Интеракција човек-компјутер (Human computer interaction)

Human computer interaction (HCI) е насочен на пронаоѓање на начини како да се подобрат човечките искуства и работната практика со технологијата. Луѓето кои се специјализирани за овие работи истражуваат како технологијата влијае врз поединецот и организацијата.

Овие занимања постојат уште од 60-тите години на минатиот век, но се се побарани и посложени. Најчесто курсевите се воведуваат на информатичките факултети.

На интернетските новинари им се смешка растечка понуда на работни места.

9. Екологија и општество

Доаѓајќи пред ѕидот на очевидните промени на климата и разни други последици што ги предизвика човечкиот фактор со несовесното однесување, светот сега мора да се бори за зачувување на околината. Предметите екологија и околина се занимаваат со интеракција на луѓето и нивното природно опкружување.

Студентите на овие курсеви теориите од општествените науки ги применуваат на прашањата на законитостите на околината и, се разбира, на нејзината заштита. Се бараат се повисоки степени на образование на ова подрачје.

10. Нанотехнологија

Развојот на технологијата овозможува поголема контрола над материјата во минијатурни размери. Подрачјето на нанотехнологијата работи со системи на молекуларно ниво и може да се примени во разни дисциплини кои ги вклучуваат физиката, инженерингот и хемијата.

За разликата помеѓу вештината и професијата:

Под вештина се подразбира способност добро да се изведе одредена задача. Професијата, пак, претставува одредена работа што ја изведува вработено лице и притоа користи одредена комбинација на вештини за да придонесе во изработката на некое добро или услуга.

Некои вештини се корисни само во една професија (или за лична употреба), па дури можат да бидат неопходенм услов за занимавање со дадена професија. Тие се нарекуваат специфични професионални вештини и се резултат на специфично-професионална обука. Други, пак, како на пример способност да се пишува проза, се користат во повеќе професи, иако во одделни занимања имаат примат (журналистика). Лицата коии се уште не развиле силна преференција за одредена професија или не се сигурни во својата перспектива, можат да имаат повеќе корисности доколку инвестираат во вештини што имаат поширока примена.

Извор: Паноптикум

Нови професии 2 дел

Технофеномен: компјутерско глувче

Малку познато и несфатливо: Doug Engelbart од институтот во Станфорд, таткото на првото компјутерско глувче кое во 2018 „одбележува“ 49 години „живот“,  никогаш не добил ниту цент за својот изум. Причина: навреме авторски не го заштитил, а во меѓувреме се појавија толку верзии што не гледал никаква смисла да бара пари за изумот кој многу го промени користењето на компјутерот.

Прототипот на глувчето од 1968-ма година поддржувал 3 типки, а се роди во време кога компјутерите не беа во широка употреба. Тоа воопшто не личи на денешните. Значи, спротивно на мислењата на помладите генерации, глувчето не е дојдено ниту од Microsoft, ниту од Apple, туку од спомнатиот институт. А името го добило зашто навистина изгледа како вистинско глувче, иако со текот на времето се направени толку модели што е прашање како би го нарекле ако првото изгледало како, на пример, новото безжично Air Mouse на Logitech.

Денешните глувчиња први почнале да ги произведуваат дизајнерите во Xerox и се сметаат за едни од најголемите изуми в о компјутерскиот свет, со оглед дека неговата појава наголемо ја прошири употребата на компјутерот. Имено, дотогаш корисниците биле исклучиво зависни од тастатурата и безбројните „shortcuts“-и за да може да се направи каква било работа.

Engelbart глувчето го направил по детална анализа на веќе постојните уреди и нивните карактеристики. Како што објаснувал, сите тогаш постојни уреди ги наредил според оној редослед каков што долго постоел во периодичниот систем на елементите, и на ист начин направил таблица за gadget- ите. Исто како што таблицата на елементите со одреден начин на користење доведува до сознанија за нови елементи, така и оваа таблица му укажала на Engelbart на уред кој сѐ уште не постои, а тоа било глувчето.

Забележана изјава на творецот:

„Оригиналното глувче имаше кабел од предната страна, но брзо го префрливме на задната зашто пречеше при работа. Тоа беше едноставен механички уред со два диска на долната страна. Тоа глувче можеше да се клика и да се врти, со што на компјутерот можеа да се нацртаат совршено рамни хоризонтални и вертикални црти. Повеќето глувчиња и натаму се механички, само што наместо дискови имаат куглички. Веќе не се сеќавам кој го даде името глувче, никој од лабораторијата не може да се сети кој го смисли тој назив, но се сеќавам дека сите не потсети на вистински глушец, па така почнавме да го викаме и на крајот остана глувче“.

Оттогаш глувчето доживеа бројни промени, а првата поголема се случи околу 1980- та година, кога е направено првото оптичко глувче. Уследија неколку варијанти на оптички глувчиња, потоа ласерско глувче, безжично, 3D, со повеќе од две типки…

Бројот на модели на глувчиња денес е тешко да се утврди, зашто ги произведува секоја фирма која се занимава со технологија, а повеќе не се само „помагало“ за работа на компјутер, туку се користат и за игри, што изискува модели со 5 или повеќе типки. Токму бројот на типките предизвика најголеми контроверзи околу глувчето , и тоа откако Apple сите свои компјутери ги опреми со глувче кое има само една типка. Apple го промовира таквото глувче со аргумент дека е поедноставно за користење, па за глувчињата со повеќе типки рекоа дека ги збунува корисниците, особено новите. И денес сите глувчиња на Apple можат да користат само глувчиња со една типка, иако во меѓувреме, во 2005- та година, произведе глувче со повеќе типки и го нарече „mighty mouse“. Но, од друга страна оние што го поддржуваа користењето на глувчиња со повеќе типки предупредуваа дека глувче со една типка е неудобно за работа, зашто за да се направи некоја покомплицирана функција секогаш мора да се кликне една типка на тастатурата, најчесто „ctrl“ или „alt“, па така обете раце се постојано зафатени.

Меѓутоа, производителите продолжија да произведуваат глувчиња со 5 и повеќе типки, кои на корисниците им овозможуваат разни функции, во зависност од компјутерите на кои работат. Таквите глувчиња се најпопуларни за игри, зашто им дозволуваат на играчите акции кои некои други можат да ги изведат само на тастатура, па така играчите со напредни глувчиња се во предност при играњето.

Дури и „таткото“ на глувчето Engelbart повеќе пати нагласувал дека секогаш ќе ги поддржува идеите кои вклучуваат што поголем број на типки. Имено, неговиот прототип, кој подоцна послужи за дизајнирање на денешните глувчиња, бил направен така да поддржува 3 типки, но Engelbart рекол дека тоа било само затоа што не знаеле каде би ставиле додатни типки.

Како и со секој gadget, така и со глувчето дошол додатен „accessory“, а најпопуларен е подлогата за глувчето, нешто што во времето на Engelbart не било ниту замисливо. Не затоа што никој на тоа не можел да се сети, туку затоа што неговото глувче било направено така што со него да може да се работи на каква било подлога.

Јапонската компанија TEC е мошне горда на своето чедо, најмалото компјутерско глувче на светот под називот Lingo.

Lingo е бежичен, работи на една обична AAA батерија која би требало да трае во текот на 15 часа активно користење, додека опфатот му е фрабрички деклариран на 10 метри. Lingo е тежок само 23 грама, со димензии 27,5 × 60 × 19 милиметри. Тоа е толку малку за едно глувче што отворено се поставува прашањето дали кој било би го користел.

Димензиите се одлични доколку ви е неопходно глувче кого непречено можете да го сместите во торба за лаптоп, но веројатно би требало да имате невообичаено мали раце за користењето во текот на работата да биде удобно. Цената за најмалото глувче на светот не е баш пристапна- за ова задоволство ќе морате да издвоите 50 долари.

А компанијата „LG International“ претстави ново преносно глувче под називот „Прст“.  Тоа е дизајнирано во форма на прст. Горниот дел служи како лева типка, а задниот како десна. Тркалцето на десната страна се користи за скролирање на страници. Она што е интересно е фактот дека за користење на ова глувче ви е доволен само еден прст.

Извор: паноптикум